| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Италија против владините економски мерки

_79691138_italyriotafp

Десетици илјади членови на синдикални организации излегоа денеска на протести во над 50 италијански градови поради економските реформи на Владата, кои според нив ги поткопуваат нивните права.

Антивладини демонстранти, кои не биле поврзани со синдикатите, се судриле со полицијата во неколку градови, меѓу кои и Милано, каде лица облечени како Дедо Мраз ја прескокнале оградата на општината и фрлале со шишиња и други предмети. Полицијата употреби солзавец, а според органите на редот биле повредени 11 нивни колеги.

Протестите, кои ги нарушиле главните услуги во цела Италија, се едни од најголемите организирани од двата најмоќни синдикати во земјата против Владата. Собирот создаде сериозен хаос, бидејќи била нарушена работата на возовите, автобусите, училиштата, пристаништата.

Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека правото на штрајк треба да биде прифатено, но нагласи дека се неопходни построги мерки со цел да се врати економскиот раст и да се зголеми вработеноста.

Во знак на несогласување, претставници на партијата на Ренци се вклучија во протестите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top