| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен број мозочни удари – причина променливото време

lekari

Променливото време е причина за зголемениот број мозочни удари во Македонија. Клиниката за неврологија е полна со пациенти со мозочни удари. Нема слободно место и во градската болница „8-ми септември“.

Само последните пет дена на Неврологија хоспитализирале петмина пациенти со излив во мозокот. Станува збор за постари пациенти кои имале нерегулиран крвен притисок.

Годишно но во Македонија има 5. 000 мозочни удари. Лекарите велат дека продолжува трендот на намалување на старосната граница. Причина е брзиот начин на живот и стресот и физичката неактивност.

Има и  пациенти кои не се дисциплинирани. Не се придржуваат на соодветен хигиенско диететски начин на исхрана, прекин на пушење, пиење, регулирање на притисок. Колку лековите помагаат, толку ние треба што повеќе да се грижиме за здравјето, вели Арсовска

За една недела, скопската Брза помош интервенирала кај 15 пациенти со мозочен удар.  Истите со амбулантско возило ги транспортираат на Неврологија и во 8-ми септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top