
Последната недела во ИЈЗ биле пријавени 149 новозаболени лица од грип, што во однос на минатата недела претставува намалување на бројот на регистрирани случаи за 22,8 проценти.
Вкупната бројка на заболени за оваа сезона достигна 1032. Во споредба со истиот период минатата година (432 заболени), постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 2,4 пати, а во однос на просекот за 10-годишниот период (107) се регистрира зголемување за приближно 10 пати.
Во седум градови во Македонија се уште нема пријавено случај на грип. Најголем број на заболени има во Тетово – 403.
Минатата недела до лабораторијата на ИЈЗ пристигнале 7 примероци за анализа. Сите биле негативни за присуство на вирусот на инфлуенца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


