
Деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која има проблем со искривување на ‘рбетот, ќе биде испратена на лекување во Турција на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).
ФЗОМ денеска соопшти дека комисиите за лекување во странство при ФЗОМ донеле позитивно решение таа да биде испратена на лекување во реномирана болница во Република Турција на товар на ФЗОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


