Хрватската пејачка Терезија Кесовија (76) е сместена во болница поради сепса. Кесовија е во болница веќе три дена, пренесуваат хрватските медиуми, а сепса имала и пред три месеци кога лежела во болницата во Дубровник.
– Неодамна добив силни болки во бубрегот, па тоа предизвика бактерија која за жал отиде во крвта – изјавила тогаш пејачката на која ѝ бил отстранет бубрегот поради карцином пред шест години.
Исто така, тогаш имала два тумори во увото.
– Тереза е вистински борец и нема да се предаде. Таа во животот помина сѐ и сешто и секогаш се извлекувала – рекол музичарот Миро Унгар (77), поранешниот сопруг на хрватската пејачка дива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.