| четврток, 6 декември 2018 |

Конфискувано огромно количество фалсификувани монети од едно и од две евра

0000248239-article2

Италијанските власти издале 12 налози за апсење и конфискување на најголемото количество фалсификувани  монети на еврото од воведувањето на единствената европска валута досега.

Во контејнер, во областа Кампанија, полицајците откриле 306.000 фалсификувани монети од едно и од две евра во вкупна вредност 556.000 евра. Се смета дека тие се со високо квалитетна имитација на монетите и дека се произведени во Кина.

Во јануари Европската комисија рече дека, бројот на откриените фалсификувани монети,  кои се повлечени од оптек, не надминува 186.000 евра годишно. Тогаш ЕК објави дека најмногу фалсификувани се монетите од две евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top