| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли колку долго може да издржи нашиот мочен меур, а да не се помочаме?

Зимата е годишното време во годината кога се многу чести уринарните инфекции и воспаленија на мочниот меур. Затоа е важно да знаете кои се параметрите што зборуваат дека со вас е сè во ред, а кога е моментот кога треба да бидете загрижени и да го посетите докторот.

Besika

Како што покажуваат поопсежните истражувања на уролозите, здравиот мочен меур кај просечно возрасна личност е во состојба во себе да складира околу половина литар течност, а тоа е околку две полни чаши мокрача.

Толку вашите мускулни затворачи, таканаречени сфинктери, можат да поднесат, сè додека околните нерви панично не ве предупредат дека е крајно време да одите да мокрите, инаку се ќе тргне на лошо.

Прашањето дали ќе имате потреба да отиде во тоалет порано или подоцна, зависи од тоа колку вода или други напитоци сте внеле и со која брзина сте ги пиеле.

Меѓутоа доколку ви се случува да испуштите мала количина мокрача, не е лошо да се јавите кај докторот, за да проверите дали е во прашање благо воспаление на уринарниот тракт или, можеби, да нè имате песок.

Ако таквата состојба продолжи, можно е  сфинктерите да ви ослабеле и да не ја извршуваат својата задача, а таа состојба се нарекува инконтиненција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top