| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ пееше во чест на Вељко Ражнатовиќ

Поранешниот премиер, а сега министер за надворешни работи и прв потпретседател на Владата на Србија, Ивица Дачиќ, повторно покажа дека е голем мераклија на песната и секогаш со задоволство го зема микрофонот.

Дачиќ неколку пати, некогаш дури и пред претставници на ЕУ, ја изведуваше „Миљацка“, неодамна, пак, му запеа на албанскиот премиер Еди Рама – „О соле мио“.

Во чест на 18 роденден на Вељко,  синот на Светлана Цеца и Жељко Ражнатовиќ – Аркан, во придружба на српската пејачка Весна Змијанац, ја запеа „Кад замиришу јорговани“.

– Беше супер. Како што знаат сите, Цеца и јас сме пријатели од мали нозе и секогаш си одиме еден кај друг на разни прослави. Кога го гледам Вељко, сфаќам колку времето брзо поминува – изјавил Дачиќ за српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top