| четврток, 6 декември 2018 |

Неда Украден се заканува дека ќе го напушти ТЛЗП

Како што музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ се приближува кон крајот, продукцијата почна да ги доделува имитациите кои ќе се изведуваат во полуфиналето поради што Неда Украден направила скандал кога дознала дека таа ќе биде Лучијано Павароти.

Како што пишува српски „Ало“, кога пејачката дознала дека повторно ќе се најде во улога на машко, почнала да им вика на организаторите и да се заканува дека ќе го напушти шоуто ако не ѝ доделат секси улога.

– На Неда ѝ се падна во полуфиналето да го имитира оперскиот пејач Павароти. Во тој момент, таа почна да вика, прашуваше дали намерно ѝ даваат машки улоги и така ја саботираат. Велеше дека не сака веќе да биде во машки улоги, и дека ѝ е доста да глуми колеги. Долго време се расправаше со продукцијата, заканувајќи се дека ако не ја сменат улогата, таа ќе го напушти шоуто, а тие нека им објаснуваат на медиумите и на публиката зошто се случило тоа.

– Викаше дека не сака веќе да биде Шабан, Павароти, сака да биде, на пример, Мадона. Баш беше лута. Остави продуцентите да размислат и да видат што ќе направат во врска со тоа – изјавил за весникот добро известен извор.

Ова не ѝ е првпат на Неда да се буни околу имитацијата, веќе еднаш направи скандал кога требаше заедно со Иван Јевтовиќ да се најде во улога на Аца Лукас и Ивана Селаков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top