| четврток, 6 декември 2018 |

Семинар за депоратацијата на Евреите од Македонија

holokaust

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе одржи семинар за професори по историја во Република Македонија, со наслов „Депортација на македонските Евреи“.

Семинарот е дел од проектот „Дипломатските ’игри‘ околу депортацијата на македонските Евреи“ реализиран во соработка со Дипломатскиот клуб – Скопје, Институтот за национална историја и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Предавања ќе имаат директорот на Институтот за национална историја проф. д-р Драги Ѓеоргиев, главниот извршен директор на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија  Горан Садикаријо, директорот на Директоратот при Министерството за надворешни работи Сашко Тодоровски, доц. д-р Ирена Авировиќ и доц. д-р Теон Џинго од Институтот за национална историја.

Семинарот е организиран со поддршка на Министерството за образование и наука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top