| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос е нов потпретседател за безбедност на Њујоршката асоцијација за коњски трки

Асоцијацијата за коњски трки на Њујорк (НИРА) го ангажираше Џорџ Венизелос за нов потпретседател за безбедносни прашања.

Педесет и четиригодишниот Венизелос во моментов работи како помошник-директор задолжен за ФБИ во одделението во Њујорк. Тој е одговорен за операциите на Федералното истражно биро и за аеродромите „Ла Гвардија“ и „Џон Ф. Кенеди“.

Во НИРА Венизелос ќе биде одговорен за униформираниот и истражувачки персонал и ќе планира и спроведува безбедносни мерки за специјални настани.

Џорџ не е во сродство во истоимениот грчки вицепремиер и министер за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top