| четврток, 6 декември 2018 |

Жени застанаа храбро пред огледало

78691_zene-foto-neringa-rekasiute-1_630x0

Што мисли жената за својот изглед се гледа на нејзиното лице додека се гледа во огледало. Тие изрази на лицото на жената ги забележала литванската фотографка Неринга Рекашиуте. За сите тажни погледи, фотографката ги обвинува погрешните и нереални стандарди на убавина кои им се наметнуваат на жените.

Таа го креираше проектот „Ние. Жените“, а целта е да им покаже на жените да се засакаат себеси, со сите внатрешни и надворешни мани.

– Проектот покажа дека во нашето општество има многу рани – вели фотографката.

Во средината на октомври 12 жени храбро застанаа пред огледало во долна облека и ги поделија приказните за дебелина, за стравот од анорексија, борба со булимија и депресија.

– Медиумите продаваат претстави за идеална жена кои се еднодимензионални и најчесто обработени во фотошоп. Ние сме совршени, нашите приказни, лузни и искуства се само наши – велат жените кои учестуваа во проектот.

Жените мора да знаат дека се убави такви какви што се и дека телата се само форма, а не се суштина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top