Од следната сезона втор возач во тимот на Мекларен ќе биде Џенсон Батон, соопштија денеска од тимот, додека Кевин Магнусен ќе ја врши улогата на тест- возач.
Мекларен постигна договор за ангажирање на Фернандо Алонсо од Ферари, а се чекаше одлука за неговиот тимски колега, дилемата беше Батон или Магнусeн.
– Политиката на Мекларен отсекогаш била да состави најсилен тим и верувам дека тоа сега го имаме со Алонсо и со Батон. Преговорите со Џенсон долго траеја, ама успешно завршија – изјави шефот на Мекларен, Рон Денис.
Алонсо во 2007 година возеше за Мекларен, но го напушти тимот поради несогласување со Луис Хамилтон.
Новата сезона во Формула 1 почнува на 15 март 2015 година со трката во Мелбурн за Големата награда на Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.