Српскиот премиер Александар Вучиќ дека нема да се откаже од мерките за штедење и да прави компромиси, бидејќи во спротивен случај Србија брзо би се исправила пред грчко или аргентинско сценарио.
– Нема да се откажам од таа програма, рече Вучиќ, одговарајќи на прашањето дали Владата ќе се справи со зголемениот број штрајкови поради намалувањето на плати и пензии.
– Никогаш не знаете дали една влада може да одговори на незадоволството на народот. Сметам дека по првпат направивме сериозен план и програма. Планот и програмата, на кои деноноќно работиме со месеци, беа одобрени од страна на ММФ и поддржани и од Светската банка, ЕУ, како и од претседателот на Русија Владимир Путин, истакна Вучиќ.
Тој додаде дека во Грција веќе по десетти пат се намалуваат платите и пензиите поради фискалниот дефицит и зголемувањето на државниот долг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.