| четврток, 6 декември 2018 |

Оставка на црногорскиот шеф на безбедноста

Boro-Vučinić-ministar-odbrane-CGДиректорот на црногорската Агенција за национална безбедност, Боро Вучиниќ, поднесе оставка без да ја соопшти причината за неговото повлекување од функцијата. Вучиниќ, како што соопшти Агенцијата, се одлучил на таков потег по договор со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

– Во изминатиот период мојот и ангажманот на моите соработници им служеше на граѓаните на Црна Гора, на нивната безбедност и националните интереси со целосна посветеност на спроведувањето реформи за членство на земјата во НАТО – изјави Вучиниќ, кој е именуван за директор на Агенцијата во 2012 година.

Подгоричкиот весник „Вијести“ наведува дека, според владини извори, Вучиниќ поднел оставка откако му било најавено од високото државно раководство дека не се задоволни од начинот на кој ја предводи тајната служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top