| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец управувал со возилото, загинатиот во сообраќајката бил Грк

ekipi-izletano-500

Грчките медиуми објавија нови информации – лицето кое загинало во излетаниот автомобил кај Кукуш, всушност, бил грчки државјанин. Тој се возел со возило кое го управувал македонски таксист, јави „Канал 5“.

Македонецот е жив и здрав, тој бил сослушан од грчката полиција и бил пуштен да се врати во Македонија. Возилото со македонски регистарски таблички излетало во канал поради лошите временски услови на патот и надојдените води, по што таксистот успеал да се извлече и да побара помош.

Првичните информации беа дека загинатиот е македонски државјанин, а забуната веројатно настанала поради македонските таблички на возилото.

Според информациите на „Канал 5“, таксистот работел за кочанска такси- компанија и превезувал патник од Грција. Грчкиот државјанин е втора жртва на поплавите во регионот на северна Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top