Русија и Никарагва разбија мрежа за трговија со дрога, преку која бил доставуван кокаин во Европа и која била раководена од мексиканскиот наркокартел Сетас. Во операцијата, спроведена на територијата на Никарагва, биле конфискувани околу 1,2 тон кокаин, соопшти Виктор Иванов, шеф на руското федерално биро за контрола на дрогата.
Полицијата во Никарагва со помош на руските власти упаси 26 осомничени членови на криминалната група, поврзани со нигаракванскиот бизнисмен Хенри Фаринас, кој минатата година беше осуден на 30 години затвор за трговија со дрога и перење пари. Меѓу уапсените е лидерот на наркомрежата, Мексиканецот Мартин Санчес Флорес, познат како Капо.
Русија и Никарагва минатата година потпишаа спогодба за соработка во борба против трговијата со дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.