Нема веќе карти за концертот на „Нокаут“ во Универзална сала, закажан за следната среда (17.12).
Бидејќи картите се распродадоа една недела пред почетокот, бендот одлучи да направи уште еден концерт веќе следната вечер, 18 декември, и со тоа да им излезе во пресрет на сите оние кои не стигнаа да купат билети за првиот концерт.
Картите за вториот концерт ќе бидат по старата цена, 400 денари блок, 500 денари партер и 600 денари ложа.
И втората вечер гости на концертот ќе бидат Игор Џамбазов, „Last Expedition“, Мио од Д.Н.О и Тони Зен.
Билетите можат да се набават во продажните места на odmorise.mk и mktickets.mk и на билетарата на Универзална сала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.