| четврток, 6 декември 2018 |

Мирослав Илиќ: Изедов ќотек од Аркан

Српскиот пејач Мирослав Илиќ во едно интервју открил како престанал да пие алкохол.

– Не одрекувам за ништо во животот, ни за тоа дека во тој период сакав да пијам. Ако не пијам алкохол повеќе од 25 години и потполно сум чист, немам причина да разгововарам сега за глупости. Во тоа време го платив цехот од оној синдром кога немаш, па одеднаш имаш сѐ и ти е важно само да биде весело. Мoјот проблем беше тогаш што навистина не поднесував алкохол. Тоа грозно чувство направи од мене чудовиште – рекол пејалот.

Тој раскажува за инцидентот кога Жељко Ражњатовиќ Аркан го удрил кога тој бил под дејство на алкохол.

– Еднаш дојдов пијан во кафеана и правев глупости, а на иста маса седеше едно момче кое ме погледна жестоко и ме мавна во колено. Веднаш сфатив дека сум претерал. Подоцна дознав дека тоа момче бил Аркан и дека на своите пријатели им рекол да ми порачаат да го баталам пиењето бидејќи во оваа ситуација да бил некој друг ќе го претепал до смрт – раскажува пејачот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top