Разгранок на Ал Каеда соопшти дека извршил напад врз американско-јеменска воено-воздухопловна база како одговор на американската операција за ослободување американски заложник.
Очевидци изјавија дека моќна експлозија ја погоди денеска базата „Ал Анад“ во јужната провинција Лахиџ.
На местотo нa нападот пристигнала брза помош, а очевидци изјавиле дека тела на ранети лица се превезуваат во околната болница.
Разгранок на Ал Каеда соопшти преку својот налог на „Твитер“ дека негови борци истрелале кон базата шест ракети „Град“. Во кусото соопштение групацијата нагласи дека го погодила „американскиот дел“ од базата.
„Ал Анад“ е база во која американските и европските воени советници му помагаат на Јемен во борбата против локалниот разгранок на Ал Каеда преку напад со беспилотни летала и логистичка поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



