Осумнаесетгодишна девојка, која исчезнала пред три дена, откако излегла од Домот за ученици во Заеачар, била брутално убиена , а поради сомнеж дека ја киднапирал и ја убил приведен е седумдесетгодишен маж. Телото на девојката е пронајдено доцна синоќа.
Според првичните, неофицијални информации, во автомобилот на старецот се пронајдени траги од коса за кои постои сомнеж дека се на несреќното девојче. Истите траги се пронајдени и на место за кое полцијата се сомнева дека е локацијата каде што е извршено убиството. Пронајдената коса ќе биде испратена на ДНК-анализа.
Девојката исчезнала од заечарскиот Дом за ученици на 8 декември и оттогаш ѝ се губи секаква трага. Во Домот ѝ останале сите документи, а телефонот ѝ бил исклучен.
Ова е трето злосторство во кое манијак убил девојка, чиешто исчезнување е пријавено. Ноќта меѓу 25 и 26 јули исчезна петнаесетгодишната Тијана Јуриќ, а нејзиното тело е пронајдено на 7 август. Таа била киднапирана и убиена од месарот Драган Ѓуриќ (34).
На 2 октомври е пронајдено телото на исчезнатата Ивана Подрашчиќ, за што беше уапсен Дарко Костиќ (39), кој призна дека ја силувал и убил девојката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден