| четврток, 6 декември 2018 |

Српската влада планира да отпушти 7.000 вработени во јавната администрација

srbija budzet

Во буџетот за 2015 година се предвидени 6,5 милијарди динари помалку за плата поради рационализаиција на јавниот сектор, јави српски „Блиц“. Тоа, според нивните пресметки, значи дека околу 7.000 луѓе ќе останат без работа.

Пресметките биле во согласност со програмата за рационализација, која мора да биде спроведена до 30 јуни 2015 година, а која предвидува намалување за 2,5 проценти во однос на оваа година. Намалени се и трошоците на сите министерства, просечно за 15 проценти.

Со намалување на заработката, која веќе се применува, линеарно за десет проценти за сите во јавниот сектор, многумина што досега имале екстра-приходи ќе мора да заборават на нив . Како што пишува во нацрт-буџетот, нема веќе да има нетранспарентни бонуси, односно освен плата, вработените ќе може да сметаат само на јубилејни награди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top