| четврток, 6 декември 2018 |

Фекалии и хемикалии го полнат Охридско Езеро кај Подградец!

Охридско Езеро кај Подградец останува дестинација во која се испуштаат отпадни води од различен бизнис, при што канализацијата ја имаат насочено во езерото, без оглед на загадувањето што го причинуваат, јавуваат албанските медиуми. Состојбата станува уште позагрижувачка ако се има предвид дека во езерските води се испуштаат разни хемикалии, кои ѝ се закануваат со уништување на богатата флора и фауна на Охридско Езеро. Високото присуството на фосфати и на други загадувачки материии го вклучија кај локалната власт алармот за заканата од уништување на рибниот фонд.

– Локалната власт заедно со ЈП „Водовод и канализации“ презема мерки за третирање на хемикалиите за да се избегне помор на рибата и уништувањето на флората и на фауната, но сметаме дека треба уште многу да се направи за да се подигне свеста кај луѓето дека уништуваат едно богатство што ретко кој го има – изјави потпретседателот на општината, Дритам Хамзалари.

Карактеристика на Охридско Езеро е чистата вода, но човековата негрижа придонесе во последните две децении да се измени оваа ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top