| четврток, 6 декември 2018 |

Цел СДСМ на студентски протести (фото)

Protesti studenti 7 (Custom)

И денеска протести против екстерното студирање. Во 12 часот го започнаа протестот пред УКИМ, за потоа да се упатат пред македонската влада. Студентите влегоа во Влада да ги достават своите барања – образложена причината поради која бараат да не се воведе државен испит.

Protesti studenti 2 (Custom)

Непотребно протестот се претвори во партиски собир. Пензионери, политичари, партиски војници и аналитичари на СОРОС беа на студентски протест. Љубомир Фрчкоски, Мери Николова, Весна Бендевска со синот, Каролина Астеруд, Рената Десковска, Бранко Геровски, Кире Наумов, Сашо Ордановски, Ѓорги Спасов, Есад Рахиќ, Роберт Поповски, Билјана Ванковска, Мирјана Најчевска, Ѓунер Исмаил се дел од оние партиски активисти кои се појавија на денешниот протест, во кој беа вклучени сите ресурси на опозицијата.

Protesti studenti 9 (Custom)

Но СОРОС и овојпат замеша прсти преку МОФ, чии пак луѓе во најголема мера го контролираат „Студентскиот пленум“, кој формално и не постои. Целата логистика на СДСМ, со максимум партиски ангажман и повици сите да излезат на протести, со притисок од страна на партиски професори од факултетите и со големи финансии од СОРОС успеа да извлече 3-4 илјади луѓе на протести, пред сѐ партиски членови и активисти на опозицијата.

Protesti studenti 5 (Custom)

Алек Гочев повторно беше на протест. Тој можеше да се забележи на сите протести кои ги организираше опозицијата. Гочев протестираше со земјоделците, со стечајците, се придружи на протестот на средношколците против екстерното, а сега протестира и со студентите.

Protesti studenti 3 (Custom)

Инаку, пред протестот СДСМ повикуваше да се излезе на протест. На социјалните мрежи сите објавуваа повици за масовен протест. Кандидатот за претседател на последните претседателски избори, Стево Пендаровски минатата недела на партиска трибина упати апел сите да излезат на студентскиот протест на „Студентскиот пленум“ да не се дозволи партијата да се обрука и да не излезе на протест.

Protesti studenti 4 (Custom)

– Би ве замолил сите, немојте да се обрукаме како луѓе и да не им дадеме поддршка.Сите тие се наши деца и сите тие ја бијат само својата битка, тие ја бијат и нашата битка или заедно со нив ќе ја добиеме оваа битка или сите заедно ќе пропаднеме – рече тој.

Универзитетскиот професор д-р Бона Бајрактарова во разговор за „Република“ го коментира политизирањето на протестите на студентите.

– Следејќи ги медиумите, интернет-порталите, изјавите на поединци од академската средина, поддржувачите, како и оние на студентите- организатори на протестите – што немаат ништо заедничко со реални причини за протести,  впечатокот е дека политиката, за жал, на перфиден начин се инволвира во истите. Тој е впечатокот, според мене, зашто студентите не протестираат за слабости во образовниот процес кои се пречка за нивната солидна едукација, туку ултимативно протестираат против правото и должноста на државата да (до)знае – со каков капацитет/квалитет на знаење располагаат нејзините идни стручњаци, оние, на кои таа во иднина ќе треба да се потпре!

Protesti studenti 6 (Custom)

Protesti studenti 10 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top