| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден ученик заврши во Ургентен

Уште еден инцидент меѓу средношколци заврши со крв. Oва е трет поголем инцидент меѓу ученици во помалку од две недели само на подрачјето на Скопје.

Вчера попладне во 17,40 часот, во ДСУ „Панче Караѓозов“ во Скопје, две лица со остар предмет нападнале петнаесетгодишен ученик. Нападнатиот завршил со рани во пределот на градниот кош и на рамото, по што е пренесен во Ургентен центар.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top