| четврток, 6 декември 2018 |

На Харвард откриено магично апче за слабеење

Тим од лекари, како што пишува во нивното соопштение, пронашол хемиско соединение што има потенцијал лошите масни клетки да ги претвора во добри. Белите клетки се лошите, а кафените се добри, објаснуваат научниците

lekovi

Истражувачите од Харвард сметаат дека пронашле начин како мастите во организмот да ги претворат во добри масти, што ќе им помогнат на луѓето да ослабнат.

Научниците од Институтот на Харвард го направија првиот чекор кон пронаоѓање апче за слебеење.

Тим од лекари, како што пишува во нивното соопштение, пронашол хемиско соединение што има потенцијал лошите масни клетки да ги претвора во добри. Белите клетки се лошите, а кафените се добри, објаснуваат научниците.

Белите масни клетки потхрануваат вишок енергија, односно калории што циркулираат во крвтта и се користат како гориво за мускулите. Овие клетки, исто така, играат голема улога во развојот на дебелината, дијатебес тип два, болести на срцето и други болести поврзани со дебелината. Кафените клетки мастите ги користат за да создаваат топлина.

Кафените масти можат да ја сменат количината на масти во крвотокот, односно да го намалат нивото на триглицедири, отпорност на инсулин и на крај да помогнат во топење на лошите масти.

Тимот на истражувачи од Харвард открил две молекули што ги претвораат белите масти во кафени, што доведува до слабеење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top