| четврток, 6 декември 2018 |

Уставниот суд на Албанија не го собори Законот за територијална поделба

Уставниот суд во Тирана не го прифати барањето на најголемата опозициска партија во Албанија – Демократска партија, со кое се бараше соборување на новиот закон за територијална поделба на Албанија.

Судот оцени дека законот во ниту еден сегмент не е против албанскиот Устав. По одлуката на Уставниот суд, опозицијата оцени дека судот работи под директива на власта и притоа најави можност да поведе референдум за законот со кој Албанија има 61 локална единица.

Претходно, опозицијата во земјата најави и можност ако законот не биде соборен од страна на Уставниот суд  да се бојкотираат и локалните избори кои треба да се одржат во текот на наредната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top