По едномесечниот оглас за пријавување на групите, конечно се одбрани групите што на 17 декември во МКЦ ќе настапат на јубилејното, 30. издание на „Рок-фест“.
Годинава љубителите на рок-музиката ќе имаат шанса да чујат пет исклучително добри групи, чија музика се движи од класичен рокенрол, преку хард-рок, алернативен рок, гранџ, па сѐ до екепериментален и нојз-звук.
Овие групи со својата музика и музицирање ќе се обидат да ги освојат публиката и жирито, и да станат победници на јубилејното издание на „Рок-фест“. Најдобрата група како награда ќе добие можност за снимање албум. Покрај тоа, традиционално ќе биде избран и најдобриот гитарист на фестивалот, кој, како и секоја година, ќе добие награда, професионална гитара „јамаха“ (Yamaha), што со години ја доделува продавницата за музички инструменти „До-Ре-Ми“ која е генерален застапник на инструментите од светски познатата марка „јамаха“.
Покрај натпреварувачите, како гостин на вечерта ќе настапи и групата „Серпентин фајр“ (Serpentine Fire), која е победник на „Рок-фест“ во 2006 година.
Листата на натпреварувачите што ќе свират на 17 декември изгледа вака:
1. Palindrom
2. Kolt
3. Smoke Shakers
4. TV Rage
5. Vizija
ГОСТИ
Serpentine Fire
Влезот за 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Рок-фест“, кој ќе се одржи на 17 и на 18 декември 2014 година, ќе биде бесплатен за посетителите.
Покровител на 30-годишниот јубилеј на манифестацијата „Рок-фест“ е Министерство за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.