Еден од најпопуларните портали за торенти во светот „Пајрт беј“ (Thepiratebay.se) како и нивнот форум (Suprbay.org) не се во функција по акција на шветската полиција, која вчера во Стокхолм ги заплени компјутерите.
„Пајрт беј“ на адресата .se бил недостапен неколку часа, но потоа се појавил на https://thepiratebay.cr.
Шветската полиција потврдила дека акцијата е спроведена со цел да се заштити интелектуалната сопственост. Во акцијата учествувале повеќе полицајци и форензичари. Запленети се неколку компјутери и сервери, а најмалку едно лице е задржано во притвор во врска со овој случај.
Оваа година била тешка за „Пајрт беј“, а неодамна нивните апликации за андроид се исфрлени од „Гугл плеј стор“ (Google Play Store).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст