Од ден на ден, социјалната мрежа „Фејсбук“ го бележи најдоброто и најлошото во нашите животи, од раѓањето на детето до политички дебати.
Во годината што изминува, на оваа социјална мрежа преовладувале неколку теми, од ледениот предизвик до самоубиството на Робин Вилијамс.
Листата што ја објави „Фејсбук“ на 9 декември сведочи за својот глобален достиг, со оглед на тоа дека 80 отсто од корисниците живеат надвор од САД и од Канада. Меѓутоа, светските теми за кои најмногу се расправало се Светското превенство во фудбал и епидемијата на ебола, додека на трето место се претседателските избори во Бразил.
„Фејсбук“ наведува дека околку 48 милиони луѓе имале 674 милиони интеракции – обновување статуси, фотографии, видеоснимки, коментари и лајкнување за овој настан. Бразилските избори така станале избори за кои најмногу се зборувало во 2014 година.
– Во свое најдобро издрание, социјалните медиуми го прават светот да стане едно глобало село – изјавила Шерил Сандберг, една од челниците на компанијата „Фејсбук“.
Таа навела дека Светското првенство во фудбал не било само најгледан спортски настан, туку и настан за кој најмногу се расправало во текот на оваа година. Повеќе од 350 милиони луѓе имале три милијарди интеракции за овој турнир.
По повредата на грбот што го принудила бразилскиот фудбалски ас Нејмар да го пропушти полуфиналниот натпревар против Германија, Нејмар на „Фејсбук“ им се заблагодарил на навивачите за поддршката и го охрабил својот тим. Да потсетиме, Бразил помина катастрофално, го загуби натпреварот со резултат 7 : 1.
Од останатите спортски случувања кои се масовно проследени на „Фејсбук“ се Супер бол, финале во американскиот фудбал, кој го заземал осмото место со повеќе од 50 милиони луѓе кои коментирале за натпреварот меѓу Сихоукс од Сиетл и Бронкс од Денвер. Зимската олимпијата во Сочи со интеракции се нашла на 10. место.
Од 1 јуни до 1 септември корисниците на „Фејсбук“ размениле повеќе од 17 милиони видеоснимки за „ледениот предизвик“, кампањата чија цел беше да се подигне свеста и да се соберат средства за амиотрофична латерална склероза (АЛС).
Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, се приклучил на долгата листа на познати личности, но и на сосема обични луѓе, кои се одзваа на предизвикот со полевање со ледена вода, во добротворни цели.
Овие видеоснимки се прегледани 10 милијарди пати, од страна на 440 милиони луѓе. Снимката на поранешниот американски претседател Џорџ Буш, кој, исто така, учествуваше во оваа хуманитарна кампања, забележи околу 40 милиони прегледи.
Од 29 јули до 27 август, Здружението за борба против (АЛС) собрале 94 милиони долари.
Епидемијата ебола, исто така, била една од горките теми оваа година на Фејсбук. Компанијата креирала „донаторско копче“ со коие корисниците можеле лесно да испратат парични средства на разни хуманитарни организации, кои се занимаваат со сузбивање на оваа болест.
Оваа година на социјалната мрежа беше домаќин и на сериозни дискусии во врска со
Газа, за исчезнувањето на малезискиот авиот и убиството на младиот црнец Мајкл Браун од страна на бел полицаец во Фергусон.
Годинава која е во изминување беше значајна и за самата компанија која во 2014 година ја прослави својата десетгодишнина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.