Новинарките Мирела Саити и Фиданка Танскова се годинашни добитнички на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин” во областа на новинарството.
Новинарот во весникот „Вечер“ Борче Грозданов пак ја доби наградата во областа на публицистиката. Грозданов е автор на збирката театарски рецензии „На(д) сцената 2“ а тој е и коавтор на монографијата „Чекори под ѕвездените штици“, посветена на 50-годишнината на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица (1949/1999). „На(д) сцената 2“ е всушност „продолжение“ од изборот на рецензии, објавени во весникот „Вечер“ од 2004 до 2014 година. Грозданов ја напиша и монографијата за доајенот на македонското глумиште Мите Грозданов насловена како „Мите – сцена, живот…“
Наградите се доделуваат во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември 2014 година (недела) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст