Не сливи или компири, туку четки и метли се најбараните земјоделски производ од Србија за извоз. Србија е четвртиот извозник на оваа стока во светот, по Кина, Шри Ланка и Мексико. Според статистиката, во последните две години Србија има извезено околу 10 милиони метли. Само за една метла со тежина од 900 грама, производителите добиваат меѓу 1,28 и 1,35 евро. Суровината за производот наменет за рачна употреба, во изобилство расте во Војводина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.