| четврток, 6 декември 2018 |

Фрлена кашикара на полициската станица во Куманово

На полициската станица во Куманово вечерва околу 22 часот била фрлена експлозивна направа.

Според неофицијални информации најверојатно се работи за рачна бомба кашикара, која била подметната во шахта од улицата кај основното училиште „11 Октомври“. Од експлозијата нема повредени полицајци само било оштетено едно возило.

Албански портали пишуваат дека и во Тетово имало експлозија. Но, портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски вели дека не се работи за бомба.

– Не се работи за бомба и нема експлозија во полициската станица. Нешто се слушнало надвор, но ова се само првични информации кои ќе морам да ги проверам за што точно станува збор – рече Јосифоски.

Според „Алсат-М“, во Тетово се забележани припадници на крим-техника. Во Куманово има зголемени полициски сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top