| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Филиповиќ се разведува поради Тања Савиќ

Дарко Филиповиќ може да се остане без сопругата поради јавното препукување со поранешната девојка Тања Савиќ.

– Јасмина прво му замери на Дарко што воопшто ја спомнува Тања. Отворено му стави до знаење дека тоа не и се допаѓа. Кога прочитала во интервју била непријатно изненадена од изјавата на Дарко дека имал порно снимка со Тања Савиќ и збеснала. По кавгата таа си ја зела ќеркичката и си заминала кај нејзините во Лесковац велејќи му: Те напуштам додека не се смириш“ – велат извори блиски до семејството.

На сопругата на Дарко особено и пречело тоа што во последно време често се среќавал со Тања и во весниците се појавувале нивни заеднички фотографии. Дека нешто не е во ред со бракот на Дарко говори и фактот што на неодамнешниот Гранд фестивал се појавил без сопругата иако таа постојано го придружувала на сите важни настапи.

Дарко не ги коментираше овие наводи што се појавија во српските весници.

Дарко Лазиќ и Тања Савиќ беа во врска во 2005 година во текот на натпреварувањето за Ѕвезди на Гранд. Бурната врска ја прекинаа неколку месеци потоа бидејќи Дарко не можел да ја толерира нејзината љубомора. По раскинувањето не останаа во коректни односи, а пред месец дена почнаа да се препукуваат преку медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top