| четврток, 6 декември 2018 |

ДЗС: Нема опасност за поплави

­ Нема поплави и значително зголемување на водостоите во државава, информира Дирекцијата за заштита и спасување во извештајот за денешната состојба со врнежите.

– По излевањето на калковската Сува река, која поплави земјоделско земјиште и го попречи сообраќајот помеѓу Валандово и селата Јосифово, Калково и Удово, се уште се работи на расчистување на патот. ­ Вардар е на горните граници на излевање, но сеуште нема ништо во реонот на земјоделското земјиште кај селата Марвинци и Јосифово, наведува ДЗС.

На подрачјето на Битола, според информацијата, нема поплави. Водостојот на река Црна е три метри, што е далеку од критично ниво од 4,3 метри. Низок е водостојот на река Треска кај Македонски Брод, кој од 78 сантиметри е намален на 60 сантиметри. Водостојот на реките Брегалница, Кочанска и Оризарска река е во благо покачување на коритото, но нема последици од поплавување и излевање. Моментно во кочанскиот регион времето е облачно со мали врнежи од дожд

Во Крушево, по врнежите од дожд во изминатите денови, мало покачување на водостојот има на реката „Црна“ кај село Бучин, но, според ДЗС, далеку од ризичната точка на излевање. Со малку зголемено ниво, но без ризик за излевање се вештачките акумулации Трстеник­1 Борино­1 и 3 и вештачкото Крушевско езеро.

За Крушево ДЗС воедно препорачува внимателно возење заради интензивните врнежи од снег, што почнаа од денеска попладне.
Ниските температури и врнежите од снег ќе предизвикаат благо опаѓање на водостојот нареките и езерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top