Бразилската манекенка Адријана Лима е во врска со турскиот медиумски магнат Акун Иликали. Убавицата очигледно не страда по српскиот кошаркар Марко Јариќ, со кого се раздели оваа година, но изгледа дека на сепак ѝ се допаѓаат мажите на Балканот. Се тврди дека Лима не може да му го прости неверството на сопругот со кого беше во брак цели 5 години. Најверојатно, адвокатите на манекенката ќе се договорат Јариќ да ѝ плати 2 милиони евра за развод.
Лима често патува во Турција поради професионални обврски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.