| четврток, 6 декември 2018 |

Руски воен експерт: 10.000 тенкови ќе тргнат од Урал, ќе ги уништиме Романија и Бугарија и ќе го освоиме Косово со Србите!

Воените експерти истакнуваат дека Русија на Урал поседува 10.000 тенкови, како и дека постои можност да се формира армија од два или три милиони војници, доколку дојде до голем светски судир.

Вооружени судири меѓу Русија и Северно-атлантскиот воен сојуз се можни дури и во блиска иднина, доколку страните не започнат да бараат компромис. За тоа во својата статија во „Financial Times“ пишува професорот по конфликтологија и меѓународни односи на Универзитетот “George Mason” во САД, Денис Сандол. Според неговото мислење, упорното ширење на НАТО на истокот и плановите за вклучување на Грузија и Украина во блокот, ја доведува Русија до безизлезна положба.

Воениот блок НАТО не е распуштен, туку продолжил да учествува во многу вооружени конфликти во светот. Бидејќи на планетата нема сила која може да му се спротивстави, Сојузот успеал да ја присвои функцијата на светски арбитер. Со оглед на тоа што Русија повеќе не е земјата од 90-тите години, и кога активно ги брани своите геополитички интереси, Западот прави сè за да ја прошири конфронтацијата со други земји.

Водечкиот експерт во Центарот за воено-политички истражувања “MGIMO” или “Московски државен институт за меѓународни односи”, Михаил Александров, смета дека веројатноста од голема војна е реална, но дека луѓето мора да смислат начин да се заштитат од истата.

“Русија може мирно да избие на Балканот, да ги прегази Бугарија и Романија. Можно е да изгради сојуз со Србија и заедно да ги освоиме Косово и Црна Гора. Фактички, на тој начин, ќе го затвориме НАТО во полукруг. Имаме добри можности”, додал Александров.

Тој истакнал дека руската војска на Урал поседува 10.000 тенкови и дека потребни се само неколку месеци истите да се доведат во состојба на борбена готовност. И покрај тоа што НАТО има можност да состави милионска армија, Русите тврдат дека можат да состават армија од два до три милиони.

Секако, постои и прашањето за нуклеарно вооружување и уништување, во што Западот има значителна предност, но сепак Русите би можеле да одговорат на ракетите со авиони, бродови и подморници, кои се способни да погодат било која точка во Европа.

Овие експерти истакнуваат дека нивните противници им даваат предност на полу-воените методи, комбинација од политичко насилство со акции на диверзантски групи, па така НАТО воопшто и не е потребен во голема војна.

“Русија контролира поголем дел од светските ресурси, има огромна територија, најголем нуклеарен потенцијал. Доколку постои таква желба, би можеле да ги уништиме Европа и САД. Сталин немал такви можности, но ние имаме”, истакнал тој, пренесува српски Telegraf.

“По моето мислење, настојувањето на Западот да удри на Русија е очигледно. Станува збор само за карактерот на војната. Тоа е облик на војна опишан во концепцијата за националната безбедност на САД. Станува збор за “Светска граѓанска војна””, изјавил потпретседателот на Академијата за геополитички промени Костанин Соколов.

Соколов објаснува дека во оваа војна нема да се судрат Русија и Западот, туку различни светски социјални групи. Тој истакнува дека Русите можат да се заштитат на духовно и морално ниво, така што ќе се обидат да ги зачуваат традиционалните вредност.

“Мора да сфатиме дека наш противник не е обичниот Американец или Англичанец, туку тоа се сопствениците на финансискиот капитал. Тие се решени меѓусебно да ги скараат народите. Светската олигархија не треба да мисли дека е безбедна. Токму тоа треба да го сфатат жителите на Русија и Западот”, порачал Соколов на крајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top