| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата фабрика за бурек во светот се отвори во Хрватска

бурек

Идејата за изградба ја одбил претприемникот Мато Шкојо, првиот човек на пекарата „Млинара“, која ја купил пред пет години.

Откако се покажа дека бурекот на хрватскиот и странскиот пазар станува се позначаен сегмент, Шкојо преку својот ланец пекари инвестирал во нова фабрика за бурек, чија изградба чинела околу  пет милиони евра.

Моменталниот капацитет на фабриката е 430.000 парчиња бурек дневно, а кога погонот ќе ги добие двете дополнителни линии, се планира тој број да биде 700 илјади парчиња дневно.

Во процесот работат 40 вработени, а според планираното со зголемување на капцитетот на производство во фабриката ќе работат 110 работници.

Осијечкиот бурек веќе се извезува во многу европски држави, а наскоро и во Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top