Никола Груевски, претседател на ВМРО ДМПНЕ и премиер на Република Македонија смета дека неговиот опонент Бранко Црвенковски мака мачи да ги мотивира своите членови да гласаат за СДСМ на претстојните локлани избори.
– Гледам вчера изјавил дека нема да се повлече. Кој знае по кој пат кажа дека ќе се повлече па нема да се повлече. Па едно време пак ќе каже дека ќе се повлече. Па пак ќе се јави некој како Андреј Петров дека нема да му дозволи. Па пак ќе излезе дека нема да се повлече. Тоа е Бранко Црвенковски. Си го знаеме. Тоа што вчера го кажа дека нема да се повлече, независно дали реално го мисли или не, бидејќи никогаш не се знае со него, но да замислиме дека навистина тоа го планира тоа е добра вест за ВМРО ДПМНЕ, но тоа е лоша вест за Македонија и за СДСМ. Но нека му ја мисли СДСМ, за СДСМ. Ние да тераме напред заедно со граѓаните. Народот знае на кого да му даде доверба, на тој што гради, создава, на тој што ветува и остварува, на тој што реализира ветувања, на тој што има сериозен пристап и ги почитува граѓаните, а не ги замајува. Не им вели по еден вработен во семејство или какви не други манипулации. Конкретно со дела, особено како оние што имаа шанса да покажат и покажаа – изјави вечерва Груевски на митингот на владејчката коалиција кој се одржа во скопската општина Бутел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница