
ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија им го честита големиот христијански празник – Св. Климент Охридски.
– Денес го чествуваме светото дело на големиот просветител Св. Климент Охридски, најголемиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговото вонвременско дело, азбуката Кирилица, денес не е само дел од македонската културна ризница, туку е дел и од многу други словенски народи, дел од европските и светските универзални вредности – стои во честитката од ВМРО – ДПМНЕ.
Неговиот придонес во зачувувањето на културните традиции и идентитет, се подвлекува, е огромен, дотолку повеќе што почнал да се шири токму од тука, од Македонија и Охрид, во целиот свет.
– За нас тоа е огромна чест и гордост, но и обрвска секоја идна генерација да го чува и шири духот на неговата мисија за споделување со светот на нашетите традиции, духовно и културно богатство – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ за христијанскиот празник Св. Климент Охридски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…


