
РЦ Југ поднесе кривична пријава против О.Е.(40)државјанин на Р.Турција поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп” за што од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. Имено на 07.12.2014 година во 04,10 часот на Автопатот Е 75 на релација Гевгелија-Скопје пријавениот запрел со возилото марка “Мерцедес”со полски регистарски ознаки при што бил контролиран од страна на полициски службеници од Мобилна единица за спречување на прекуграничен криминал. При прегледот му биле пронајдени фалсификувани бугарска лична карта и возачка дозвола со фотографија на пријавениот а издадени на друго име поради што истиот на службеното лице му дал 1.000 евра да не изврши службено дејствие, односнода не го приведе во ПС и му овозможи да продолжи кон Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Притворен командир на шумска полиција за земање поткуп
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје


