| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Народот знае кому да му ја даде довербата на овие избори

Петре Латиновски и Коце Трајановски ќе слават на 24 март, нема да чекаат втор круг, нема дилема кој ќе биде победник, изјави премиерот Никола Груевски вечерва на митингот во скопската општина Бутел

На овие локални избори народот знае кому да му ја даде довербата. На тој што прави дела, ветува и исполнува. Црвенковски изјави дека нема да се повлече од лидерстото место во СДСМ. Тоа е добра вест за ВМРО ДПМНЕ, но лоша за Македонија и за СДСМ. Ова го изјави вечерва Никола Груевски, премиер на Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ на митингот кој се одржа во скопската општина Бутел, каде што  беше презентиран кандидатот за градоначалник на општината Петре Латиновски.

nikola-gruevski-foto-645x360

Груевски истакна дека кандидатите за градоначалници на општина Бутел и Град Скопје, Петре Латиновски и Коце Трајановски се луѓе кои имаат што да кажат за направени дела, бидејќи тие изработиле дела.

-И Латиновски и Трајановски на 24 март ќе слават вечерта, нема да чекаат втор круг. Нема дилема кој треба да биде победник – додаде Груевски, според кого во Бутел има луѓе кои знаат да прават разлика.

Латиновски беше и во канцеларија и на терен и кај што се делат грантови, беше на секое место од каде може да му се помогне на Бутел, рече Груевски и додаде дека граѓаните треба да гласаат и за советот бидејќи градоначалникот неможе да делува доколку нема мнозинство во советот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top