| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје ќе учи како да се снајде во катастрофи

Дирекцијата за заштита и спасување денеска започнува со петдневен меѓународен курс на тема „Вода, санитет и хигиена во катастрофи со урбан контекст“.

Курсот се организира во рамки на тренинг програмата на Иницијативата за превенција и подготвеност за катастрофи на Југоисточна Европа за 2014 година.

Покрај претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, поканети се и претставници од Црвен крст на РМ, Институтот за јавно здравје и Град Скопје, а од земјите од регионот пријавено е учество на лица од Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Турција.

Курсот има за цел јакнење на институционалните капацитети за менаџирање со водата, санитетот и хигиената во услови на катастрофи случени во урбани средини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top