Поради зголемено ниво на пестициди, Русија врати повеќе од 60 тони јаболка од Србија кај кои се утврдени отстапувања од дозволеното ниво на штетни материи преку проверка на три увозни контингенти од почетокот на оваа година. Како што објави руската државна телевизија повикувајќи се на изјавата на рускиот премиер Дмитриј Медведев, увезените земјоделски производи не одговараат ниту по цената ниту по квалитетот.
– Некои испораки едноставно се опасни за здравјето поради високото ниво пестициди и нитрати. Последни примери за тоа се јаболката од Полска и од Србија – соопштил Медведев.
Само лани во Русија се увезени околу 14.000 тони јаболка во кои имало високи содржини на пестициди, соопшти Агенцијата за контрола на земјоделските производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.