| четврток, 6 декември 2018 |

Од каде испливуваат гумените цигли на плажите?

_79001580_tjipetir_tomquinnwilliams

Во изминативе неколку години, 100 години стари гумени цигли од Индонезија мистериозно испливуваат на бреговите на Велика Британија и во северна Европа. Како еден од можните извори се наведува Титаник – но сега еден ревносен чистач на плажи вели дека можеби ја решила загатката на циглите Тџипетир.

Во летото 2012, Трејси Вилијамс го шетала кучето по плажата во близина на нејзиниот дом во Њуквеј, во Корнвол, кога забележала црна табла на песокот, направена од нешто што наликува на гума.

Тоа изгледало како голема кујнска даска за сецкање, а зборот „Тџипетир“ бил впишан на неа. Неколку недели подоцна, таа пронашла уште една таква интересност на друга плажа покрај бали од гума кои исто испливале во заливот.

Љубпитно ја подигнала и почнала да го истражува потеклото на овие мистериозни цигли. Од она што го дознала има приказни за бродоломи, за трагедија од Првата светска војна и за Титаник.

Излегло дека вакви цигли се појавуваат на плажи низ цела северна Европа и збунуваат секого кој ќе налета на нив.

Постојат шпекулации во медиумите што е изворот на ови испливани цигли, а Дејли мејл и Тајмс неодмна објавија текстови за тоа. Во април и во францускиот печат беше објавена сторија за тоа.

Но Вилијамс верува дека го открила изворот на мистеријата и тоа се совпаѓа со она што го мислат и британските власти.

Зборот Тџипетир е назив на плантажа за гума во западна Јава, во Индонезија, која работела на крајот на 19-иот и на почетокот на 20-иот век.

Циглите не биле баш од гума – тие се најверојатно од гута-перча, гума од дрва која била пронајдена на Малајскиот Полуостров и во Малезија. Се користела во 19-иот и во првата половина од 20-иот век за изолација на телеграфски кабли кои се поставувале на морското дно.

Пред да почне пошироката употреба на модерната пластика, меѓу многуте нешта од гута-перча се произведувале и топчиња за голф, носиња за плишани мечиња, рамки за слики и накит.

Вилијамс почнала да пишува за својот прогрес во истрагата на страна на Фејсбук, и многу луѓе и се јавиле за пронајдени гута-перча предмети кога и самите ги чистеле локалните плажи.

Тие не биле само од Англија и Велс, туку и од Шетланд, Каналските острови, Шпанија, Франција, Холандија, Германија, Норвешка, Шведска и Данска.

Покрај овие цигли исто така испливале и бали и клопчиња од гума.

Постојат шпекулации дека гута-перча можеби доаѓа од трупот на Титаник. „Еден француски весник ја објави приказната и напиша дека Титаник превезувал гута-перча“, вели Вилијамс.

– Го прегледав списокот со содржната на товарот на бродот и открив дека навистина превезувал гута-перча и бали од гума. Оттогаш има се повеќе шпекулации во медиумите“.

Потоа во летото 2013 година, Вилијамс дознала повеќе.

Ја контактирале двајца мажи– посебно и кои не сакаат нивните имиња да бидат објавени – и двајцатаи  укажале на остатоците од еден потонат брод како извор. Тие знаеле за спасувачка компанија која вршела акција за спасување на товарот од јапанскиот патнички борд Мијазаки Мару, кој потонал за време на Првата светска војна. Бродот превезувал цигли Тџипетир.

Танкерот потонал околу 240 километри западно од островите Сцилија.

– Ми рекоа дека кога акцијата завршила, товарот кој го барале бил извлечен во големи количини и како резултат на тоа гута-перча и гумени бали биле ослободени од дражачите на бродот, ми рече Вилијамс.

И двата извори ми рекоа дека остатоците од бродот е местото од каде доаѓаат предметите. Ми покажаа докази како подршка за ова.

Но Вилијамс не е единствената која мисли дека гута-перча доаѓа од Мијазаки Мару.

Алисон Кентак, од владината агенција Архива на олупини,која раководи со остаоци од бородови и работи според законите за спасување во британските територијални води, исто вели дека циглите најверојатно биле товар од тој борд.

– Кога дознавме за олупината, спроведовме истражување за да го пронајдеме сопственикот на бродот, рече таа. „Ги испитавме староста на предметите, од каде може да доаѓаат и истраживме било какви ознаки. Откривме дека овие одделни предемети укажуваат на оваа олупина. Па иако сеуште немаме целосна потврда за тоа, за нас Мијазаки Мару е најверојатниот извор за испливаните цигли.

Мијазаки Мару бил потопен од германска подморница Ју-88, на која капетан бил Валтер Швејгер, еден од најпрочуените команданти на германски подморници.

Швејгер исто командувал и со друга германска подморница која во мај 1915 година го потопила британскито брод Лујзитанија, патничкиот брод кој превезувал 1,924 патници и екпиаж од Њујорк и пловел кон Ливерпул. При тој трагичен настан загинале 1,100 души, меѓу кои и 100 американци, и тоа се смета како повод САД да се вклучат во војната.

Океанографот Куртис Ебесмеер, кој е специјалист за следење на предмети кои плутаат, вели дека циглите Тџипетир можеби цел век испливуваат по плажите. „На основа на досегашните откритија, јасно е дека се тие дел од хемисферската океанска циркулација. Потребни се само 25 години предметите кои плутаат да го обиколат светот, а тие досега најверојатно барем три пати го препливале светот. Сеуште се во добра состојба по сите овие години, што е невообичаено. Тоа се можеби едни од најголемите парчиња предмети кои плутаат и кои луѓето можат да ги пронајдат дури и по сто години.

Ебесмеер исто вели дека е можно разни кругови – или океански струи – да ги повлекле циглите од Шпанија преку Атлантикот во Америка, „по истиот пат како што пловел и Колумбо“ пред најверојатно тие да завршат на Флорида. Оние кои се пронајдени во Северното море „требало да минат покрај Норвешка, да свртат на исток и го минат северот на Сибир, да поминат низ Беринговиот мореуз во северниот Пацифик, и да дојдат се до тука“.

Неколку луѓе исто така пријавиле дека пронашле цигли Тџипетир во 2008, пред да почне спасувачката операција на Мијазаки Мару.

Еден човек кажал дека пронашле вакви цигли пред 30 години, и ги користеле како кујнски даски за сецкање за да чистат риба на нивниот рибарски брод.

– Можеби повеќе бродови превезувале гута-перча, па е можно да има повеќе од еден извор, вели Вилијамс која сега пишува книга за приказната Тџипетир. „Ова се смета како загадување – и постојано ги чистам отпадоците од мојата локална плажа – но гута-перча е природен производ и се разградува. Веќе имам видено разградени цигли на плажите“.

– Можеби и други компании да спасуваат некакви предмети од олупини од Првата светска војна. А аали е можно дел од тоа да доаѓа од Титаник? Е, тоа не знам.

Мијазаки Мару

Изграден во 1909 во КОбе, Јапонија. Прекуокеански танкер со носивост од 8у,520 тона. Потонал на 31 мај 1917 година за реме на патување од Јокохама до Лондон од германска подморница Ју-88. Носел товар и патници. Загинале осум луѓе. Сега лежи 240 километри од остроцвите Сицилија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top