| четврток, 6 декември 2018 |

Дебелината го скратува животот за осум години

Дебелината го скратува животот за осум години и води до две децении влошено здравје, предупредуваат канадски научници, цитирани од “Дејли мејл”.

Тие користеле компјутерски модел кој ги предвидува последиците од прекумерната тежина.Нивните пресметки покажуваат дека дијабетесот и срцевите заболувања ги лишуваат дебелите луѓе од речиси 19 години живот во добро здравје.

Луѓето со индекс на телесна маса 35 и повеќе е веројатно да изгубат осум години од животот. Дебелите луѓе со индекс на телесна маса меѓу 25 и 30 го намалуваат животниот век со до три години. Индексот на телесна маса, кој ја мери тежината спрема висината, се користи за оценување дали човекот има прекумерна тежина.

Здравиот индекс на телесната маса се движи меѓу 18,5 и 24,99. Луѓето со индекс меѓу 25 и 29,9 се дефинираат како “дебели”, а оние со индекс над 30 се сметаат за клинички дебели, иако резултатот може да е погрешен за спортисти и за бремени жени. Индекс над 35 се смета за “морбидно дебел”.

“Нашиот компјутерски модел покажува дека дебелината се поврзува со зголемен ризик од развој на срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес. Тоа значително ја намалува должината на животот и годините на добро здравје без хронични заболувања спрема луѓето со нормална тежина”, вели шефот на истражувањето проф. Стивен Гроувер од Универзитетот Мекгил во Монтреал, Канада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top