
Големи протести се одржаа во Грција по повод шестгодишнината од инцидентот во кој полицијата уби невооружен тинејџер во Атина,
Дел од учесниците почнале да кршат излози, да демолираат продавници и автобуски станици, а полицијата возвратила со шок-бомби и со солзавец. Протести имаше и во Солун, но со помал интензитет.
Секоја година во Грција се одржуваат протести на денот кога беше убиен 15-годишниот Александрос Григоропулос. Во 2008 година тој беше застрелан од полцијата по вербален судир, иако самиот не бил вооружен. Неговата смрт ги предизвика најмасовните протести во Грција во изминатите неколку децении.
Сепак, оваа година протестите добија на жестина и поради 21-годишниот Никос Романос, другар на убиениот Александрос, кој беше сведок на неговата смрт. Тој пред две години беше осуден на 16 години затвор поради учество во грабеж на банка, а од 10 ноември штрајкува со глад, бидејќи властите не му дозволија да посетува настава и да ги продолжи студиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


