| четврток, 6 декември 2018 |

Францускиот филм „Татко“ победник на „Анимакс Скопје Фест“

anim

Францускиот анимиран филм „Father“ (Татко) на Сантјаго Бу Грасо ја освои првата награда, Златна Тула, на четвртото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, што се одржуваше од 4 до 6 декември во Кинотека на Македонија.

На затворањето на фестивалот, беа доделени и останатите награди. Сребрената Тула му припадна на „Man on the chair“ (Човек на столчето) во француско-јужнокорејска продукција, а Бронзената Тула на „Castillo Y El Armado“(Кастиљо и наоружаниот) од Бразил.

За најдобар филм за деца, пак, беше прогласен „Space Dog Family“ (Семејството вселенски кучиња), а наградата ја прими гостинот од Русија, Андреј Рубетској, кој е дел од тој проект. За него гласаа дечињата во трите фестивалски денови.

Оваа година мото на фестивалот е „Ако сите светат, ти блескај“. На четвртиот „Анимакс Скопје Фест“ беа прикажани 52 филмови, од кои 44 за возрасни и осум за деца. Се пријавија 326 анимации од 52 земји во светот, а селектор на програмата беше Благоја Куновски Доре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top