Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Сергеј Бубка рече дека Рио де Жанеиро забележал голем напредок во подготовките за Олимписките игри 2016.
– Комисијата за координација констатира видлив прогрес во подготовката за Олимпијадата, за време на последната посета на бразилскиот град, истакна Бубка.
Прославениот украински светски рекордер во скок со стап потенцира дека претседателката на Бразил Дилма Русеф на членовите на ИОК им го презентира, како што рече, очигледниот напредок во Олимпискиот парк.
Подготовките течат според предвиденото темпо и веруваме дека ќе бидат запазени сите рокови. Не се сомневам во тоа, додаде Бубка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



