| четврток, 6 декември 2018 |

Шпигел: Тајните служби тврдат дека Москва нема да сака ескалација на ситуацијата во Источна Украина

 rusija nato

Тајните служби од држави на НАТО, предупредуваат да не се проценува погрешно политиката на Русија спрема Украина.

Според нив, во спротивност со тврдењата на извесен број западни претставници, Москва сосема не се стреми да ескалира ситуацијата во источниот дел на поранешната советска република. Тоа го објави денеска Шпигел.

Русија „навистина нема да дозволи сепаратистите да бидат победени во борбата со украинската армија, но тие не сакаат ситуацијата да се влошува“, наведува Шпигел.

Според западните тајни служби, Руската федерација работи Доњецката и Лугањската област да бидат реорганизирани како функционирачки административни единици „ако биде постигнат договор со Киев во состав на федеративна Украина“ тврди германскиот весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top